Христијанските свети книги на современ македонски јазик. Вратете се кон изворот на Христовото и Апостолско учење, директно од Новиот завет.
Новиот завет е колекција на ранохристијанските Евангелија и Посланија кои заедно ја сочинуваат сржта за Христовиот живот, за неговото учење и за Апостолската мисија. Оваа книга е основата на секое христијанско учење, па затоа претставува одлична можност да се запознаете директно со христијанството. Прочитајте ги директно Христовите и Апостолските зборови од писанијата на Евангелистите Матеј, Марко, Лука и Јован, како и од Апостолите Павле, Петар, Јован и други.
Овој превод на Новиот Завет (оригинално напишан на старогрчки) е објавен во 1999 година и претставува прв современ и динамичен превод на македонски јазик. Преку ваквиот вид на превод, на вистински начин можете да ја откриете ризницата на ранохристијанската духовна литература која го обликувала и сè уште го обликува христијанството во светот.
Уредник и главен преведувач: д-р Иван Грозданов
ISBN 9989-669-10-4
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар