Никој од нас не размислува за нештата за кои се зборува во оваа книга сè додека лично не нè засегнат. А кога сме засегнати, најчесто не знаеме каде да се свртиме за да побараме помош, утеха, охрабрување. Ова е вистина и за Сузана, за мене, и за нашиот син Давид. Неколку години подоцна откако се роди Ана, откако забележавме дека со неа не е сè во ред, имавме многу прашања. На некои беше лесно да се одговори на интелектуално ниво, но не и на ниво на срцето. Се појавија многу предизвици, однатре и однадвор. Со некои беше лесно да се соочиме (и се соочуваме), со некои уште се бориме.
Оваа книга, напишана од Давид Потер ја добивме како подарок од едни блиски пријатели кои и самите имаат дете со ментален хендикеп. Откако ја прочитавме, сфативме дека ваква книга ни е потребна и нам во Македонија. Можеби нема да се согласите со основната парадигма на книгата, бидејќи таа го разгледува менталниот хендикеп од аспект на христијанската етика и верување. Причините за тоа ќе ги најдете во самата книга. Исто како и авторот, и ние веруваме дека единствено Библијата може да даде целесообразен и целосен одговор на менталниот хендикеп и нашиот одговор кон тие кои страдаат од него. Од друга страна, Давид Потер пишува и како специјалист. Верувам дека не смееме да заборавиме дека Бог ни дал и интелект за да размислуваме и да донесуваме заклучоци. Зато оваа книга не пропагира "слепа вера".
(Од Предговорот кон македонското издание)
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар