„Патот на христијанинот“ е алегорија во која Христијан патува од Градот на Пропаста до Небесниот Град. Со себе носи голем товар од кој ќе може да се ослободи дури кога ќе пристигне кај Крстот. На своето патување ќе се сретне со Своеглав, Попустлив, Световномудар и многу други, ќе мора да помине низ Мочуриштето на Обесхрабрувањето, низ Ридот на Тешкотијата и низ многу други места. Дали ќе пристигне и дали ќе влезе во Небесниот Град? Дали неговата сопруга Христина и неговите деца ќе го следат?
Џон Банјан е англиски писател и проповедник од XVII век. Најпознат е по христијанската алегорија Патот на христијанинот (The Pilgrim's Progress), дело што го напишал додека ја издржувал дванаесетгодишната затворска казна поради тоа што одбил да престане со проповедање. Автор е и на речиси шеесет други дела.
Изданието на Библиски центар Божилак содржи избор од Патувањето на Христијан, Патувањето на Христина, обработка на ликовите од делата направени од страна на Дик Ворт. Содржи и Индекс на Библиските стихови што се спомнуваат, Индекс на местата и ликовите од делото како и шема на патувањата. 226 страни.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар